Цената на гасот стабилна околу 1.200 долари

Цената на гасот на отворањето на тргувањето во средата на специјализираната лондонска берза ICE се движи околу 1.200 долари за илјада кубни метри, а на тоа ниво беше и на затворањето во вторникот.

Берзанските цени на гасот во Европа на 21-ви декември првпат во историјата надмијаа 2.000 долари за илјада кубни метри, поттикната од претстојниот студен период и воопшто ниските резерви од гас во европските подземни складишта.

Меѓутоа, следните денови цената се коригираше, а аналитичарите тоа го толкуваат со вестите дека за третина пораснал бројот на танекрите кои го превезуваат течниот природен гас (LNG) од САД во Европа.

Цените на јануарските термински договори на TTF јазолот во Холандија изнесува 1.203 долари за илјади кубни метри, односно 103 евра по мегаватчас, врз основа на моменталниот однос евро-долар.

Аналитичарите на пазарите велат дфека ценаа на терминските договори (фјучерси) е нестабилна поради шпекулативните фактори и дека не ја одразува стварната цена на физичките резерви во Европа.