Цената на гасот во Европа кон 1.700 долари пред крајот на трговскиот ден

Берзанските цени на гасот во Европа пред затворањето на тргувањето во понеделникот скокна за 1,6 отсто , на речиси 1.680 долари за илјада кубни метри гас, покажуваат податоците од лондонскиот пазар ICE.

Најблиските термински договори за август според индексот на холандскиот TTF, една од најголемите светски трговски платформи, ја отвори трговската сесија на почетокот од седмицата со раст малку под нивото од 1.720 долари. Но имајќи ги предвид промените на валутните пазари, бидејќи податоците на ICE се изразуваат во евра, тоа би претставувало плус од 4,2 отсто во однос на 1.649,9 долари на затворањето на тргувањето во петокот.

Генерално, во текот на денот со фјучерсите се тргуваше на приближните вредности на петокот. Највисоката цена изнесуваше од 1.752,8 долари, односно плус о 6,2 отсто, а минималната речиси 1.625 долари, или минус од 1,6 отсто. Конечната цена од тргувањето во понеделникот застана на 1.676,7 долари, односно раст за 1,6 отсто во однос на затворањето на претходниот трговски ден.

Цените на гасот во Европа бележат стабилен раст од 13-ти јуни, кога руски „Газпром“ најави дека за 60 отсто ги намалува испораките на гасот во Германија преку гасоводот Северен тек 1 поради неиспорачувањето на гасната турбина поради антируските санкции на германски „Siemens“ испратена на ремонт во Канада. По повеќекратни преговори меѓу Берлин и Отава, канадската страна сепак реши дека според санкциите на ЕУ таквата опрема не подлежи на санкциите, што би овозможило Германија па и другите европски земји да почнат да добиваат зголемени количества среде сезоната на полнење на подземните складишта во пресрет на есента и зимата.

Сепак, цените прво за јулските и августовските термински договори за неколку дена остро скокнаа од 900 на над 1.300 долари, а по благиот пад минатата седмица скокнаа и до 1.900 долари за илјада кубни метри гас.