Цената на природниот гас на европскиот пазар во понеделникот постави уште еден рекорд, надминувајќи ја вредноста од 730 американски долари за илјада кубни метри.
Цената на октомвриските фјучерси според холандскиот индекс TTF, најликвидниот европски хаб, на почетоткот од понеделничкото тргување изнесуваше 713,1 долари за илјада кубни метри, до 10 часот по средноевропско време се искачи на 782,2 долари, а потоа и достигна вредност од 730,1 долари.
Претходната рекордна цена на синиот енергенс во претходното тргување во петокот во поладневните часови достигна 710 долари за илјада кубни метри. Минатата среда, пак, изнесуваше 670 долари.
Според аналитичарите на пазарите на енергенси, растот на цената на гасот е поврзан со намалените резерви на горивото во европските складишта, што, пак, се должи на многу ниските температури минатата зима. Истовремено, рускиот гасен гигант „Газпром“ нема намера значително да ги зголемува производството и испораките и покрај скориот почеток со работа на новиот гасовод Северен тек 2, сметаат аналитичарите.