Цената на нафтата од марката Brent падна под 47 долари

Цената на барелот сирова нафта од марката Brent за испораките во јули во текот на утринското тргување на лондонската берза ICE во петокот падна за 2,8 отсто на 46,63 долaри за барел.

Последен пат цената на нафтата од споменатата марка падна под 47 долари за барел на 29 ноември 2016 година, а претходно утрината веднаш по отворањето на трговањето забележа пад од 0,93 отсто, со што првпат по ланскиот 30 ноември цената на оваа марка нафта падна под 48 долари за барел и изнесуваше 47, 85 долари.

Остовремено, барелот нафта од марката WTI на лондонската берза падна за 2 отсто, на 44, 55 долари за барел.