Цената на набавките на сурова нафта од марката Brent со испораки во декември 2018 година на лондонската берза ICE порасна за 1,56 отсто, и при пресесекот на состојбата на пазарот од средата во 19,50 часот по македонско време изнесувала 86,5 долари за барел.
Декемвриските фјучерси за северноморската нафтена мешавина WTI, пак, во истиот период се зголемиле за 1,85 отсто, до 76,64 долари за барел.
Аналитичарите велат дека цените на меѓународните пазари на нафта растат и покрај значителното зголемување на американските нафтени резерви пред стапувањето на сила на новиот круг американски санкции против Иран на почетокот од следнот месец.
Американското министерство за енергетика објави дека минатата седмица комерцијалните резерви на нафта во САД пораснале на 404 милиони барели. Рстот изнесува два процента, или осум милиони барели, значително повеќе од очекувањето на аналитичарите.
САД, откако во мај годинава се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор потпишан меѓу Техеран и шесте светски сили, ги враќаат санкциите против Иран. На 4-ти ноември ќе стапаат на сила санкциите коишто го целат иранскиот нафтен сектор. Вашингтон објави дека планира извозот на нафта од Иран да го сведе на нула.
По разговорите со својот саудиски колега, рускиот министер за енергетика, Александр Новак, во средата изјави дека земјите произведувачи на нафта можат да го надоместат обемот на енергенсот кој може да недостига на пазарот по стапувањето на сила на санкциите против Иран.
„Постојат многу фактори коишто треба да се следат, разгледуваат, да се прогнозираат, но во основа земјите произведувачи на нафта ги имаат сите можнста да ја одржат рамнотежата на понудата и побарувачката на пазарот“, изјави Новак.