Цената на нафтата се искачи на над 50 долари за барел

Цената на барел Брент надмина 50 долари прв пат од ноември на берзите во Азија

Цените на нафтата се оддржаа над котата од 50 долари за барел во денешното тргување во Азија, а трговците ги чекаат американските податоци за резервите на нафта.

Американската „лесна“ нафта за испораката во јули зајакна за 11 центи на 50, 47 долари за барел, додека северноморската сирова нафта „брент“ за испораката во јули порасна за три центи на 51, 47 долари, пренесува АФП.

Пазарот очекува дека податоците на американското Министерство за енергетика ќе покаже понатамошен пад на залихите на суровата нафта по неодамнешното намалување, проценувајќи дека тие ќе ослабат за нови 3, 25 милиони барели.

Цените на нафтата забележаа експлозивен раст од историскиот минимум од јануари и февруари годинава, кога во слободен пад го допре дното на нивото од близу 25 долари за барел што не беше забележано уште од 2003-тата година.

Сепак, нафтата сеуште е далеку од највиоската цена од над 100 долари за барел, на кое беше на средината на 2014-тата година, пред да дојде до економско забавување и презаситеност на понудата. Покрај ова, клучен фактор за скокот на цената на нафтата е слабеењето на американскиот долар.