На светските пазари, цените на нафтата минатата недела силно се зголемија, достигнувајќи највисоки нивоа од минатата година, откако членовите на ОПЕК се придржуваа до договор за намалување на производството, а Саудиска Арабија најави дополнителни намалувања.
Во Лондон, цената на барелот скокнаа за 6,8 проценти минатата недела на 66,25 долари, додека на американскиот пазар барелот се зголеми на 5,5 отсто на 55,60 американски долари.