Цените на преработената храна веќе растат на глобално ниво, а сега на ред се популарните кондиторски производи и сокови.
Цените на шеќерот скокнаа бидејќи зголемената побарувачка беше усогласена со влошување на временските услови – а аналитичарите велат дека „се уште има простор за зголемување на цените“.
Фјучерсите на суровиот шеќер во последните денови се зголемија на околу 50 центи за килограм, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 11 години.
Шеќерот како суровина се најде на т.н bull пазар, бидејќи цените се уште се високи – на краток и среден рок, објави CNBC. Клучната причина за проблемите со шеќерот се временските ризици, кои ги погодуваат најголемите производители на оваа храна.
Потсетуваме, од истата причина се очекува и голем недостиг на ориз кој со себе може да донесе и повисоки цени. Нашето истражување покажа дека близу 64 отсто од граѓани редовно купуваат ориз, додека само 0,95 отсто никогаш не купуваат.
CNBC понатаму пишува дека зголемувањето на цените на шеќерот може да се пренесе на крајните потрошувачи, во форма на повисоки цени за нивните омилени слатки, како што се сладолед, бисквити, чоколади, бонбони.
– Порастот на цените на кондиторските производи и пијалоците на база на шеќер е имплициран од зголемените вредности на шеќерот – рече Џон Стенсфилд, виш аналитичар во DNEXT, платформа за анализа на податоци.
Цените на преработената храна веќе растат на глобално ниво. „Во чоколаден бар имате млеко, какао во прав и други работи, а тие трошоци исто така се зголемуваат. Има и трошоци за енергија и работна сила, што сето тоа влијае на производството и растот на цената на овој вид на стоки“, додава Стансфилд.
Понатаму, тој изјави дека сезоната на дробење трска во Азија се намалува во последните недели и дека има големи промени во клучните земји производители, пред се во Индија, Тајланд, потоа Кина и Пакистан.
Индија е втор најголем производител на шеќер во светот, по Бразил. На почетокот на април, Здружението за трговија со шеќер во цела Индија ги намали проценките за производство на шеќер за скоро 3 проценти за земјоделската година од октомври 2022 година до септември 2023 година.