– Кај нас постојат демократски односи, одлучивме самите членови на нашето здружение да имаат извесна флексибилност и слобода при формирањето на цените, во зависност од времетраењето на соработката, големината на порачките и од зависност на начинот и времетраењето на плаќњето да се движи цената на свињите од 90 до 95 денари. Сето ова го правиме за да докажиме дека ние сакаме да имаме цврсти и постојани односи со нашите партнери, вели Шаклев.
Тој истакна дека на овој начин ќе ги задоволат и потребите на потрошувачите со македонско свежо месо, со што ќе влијаат и на подобрување на стандардот на граѓаните.
– Со овие цени се уште ќе се движиме во границите на рентабилноста. Но, да речеме ова е скоро долна граница на рентабилност. Се надеваме дека ова ќе се задржи и се надеваме дека до Нова година до Божикните празници ќе има извесно мало покачување, не големо туку мало покачување на цената на свинското месо, за да може да ги покриеме загубите што ги правевме девет месеци, вели Шаклев.