Цените на гасот во Европа достигнаа највисоко ниво во последните две години

Берзанските цени на гасот во Европа надминаа 620 долари за илјада кубни метри првпат од 8-ми февруари 2023 година, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Мартовските, најскоршените термински договори според индексот на реферетната холандската дигитална берза TTF, (најголемиот центар во Европа) го отворија тргувањето во понеделник со цена од 618 долари, што е раст од 3,4 отсто, за илјада кубни метри. Веќе по првиот час од тргувањето нивната вредност достигна 620,7 долари, односно раст од 3,8 проценти). Динамиката на котации е дадена од пресметаната цена од претходниот трговски ден – 597,7 долари за илјада кубни метри.

Цените на гасот во земјите од Европската унија пораснаа откако на почетокот од годината истече договорот за транзит на руски гас во Европа преку Украина кој Киев одби да го продолжи, како и поради намалените количества во подземните складишта

Просечната цена на фјучерсите на гас на европската берза минатата година изнесуваше 386,5 долари, што е за 16,3 пониска од претходната 2023 година. Цените на гасот драстично се зголемија во периодот 2021-2022 година, како резултат на распродажбата на европските резерви на поскапите азиски пазари, настапувањето на острата зима и особено на откажувањето од руските испораки поради војната во Укрина.

Станува збор за континуирано високи цени без преседан во целата историја на гасните центри во Европа од 1996 година. Историскиот рекорд од 3.892 долари за илјада кубни метри беше постигнат во раната пролет 2022 година.