Цените на природниот гас достигнаа во петокот на европскиот пазар највисоко ниво од февраури годинава, поттикнати од ризиците во снабдувањето и најаветно заладување на почетокот од грејната сезона.
Во петокот мегават/час гас во терменски договори со испорака зае еден месец на референтната дигитална платформа TTF во Амстердам, најголемиот европски јазол во Европа, чинеше 56,10 евра, што е највисоката цена за речиси осум месеци. Од почетокот на седмицата цената скопка за 45 отсто, односно за 18 долари по мегават/час.
И според претходните методики на одредување на цената, берзнаските цени ја надминаа границата 600 долари за илјада метри кубни на лондонската берза ICE, првпат од 10-ти март годинава. Според овој извор, ноемвриските фјучерси за индексот на TTF го започнаа петочното тргување по цена од 556,1 долар, односно од минус 4,3 отсто, за илајада кубни метри. Но по 11 часот, нивната цена скокнала на 610,2 долари, односно е во плус од 5 отсто. Динамиката на котациите се заснова на порамнувачката цена од претходниот трговски ден, односно четртокот, кога тргувањето беше затворено на 580,9 долари за илјада кубни метри гас.
Цените беа поттикнати од ризиците за снабдувањето и временската прогноза која најавува остар пад на температурите.
Ризиците го вклучуваат и привременото затворање на големото наоѓалиште на природен гас во Медитеранот и гасоводот Balticconnector меѓу Финска и Естонија поради оштетување, коешто според НАТО е предизвикано со дејство на „државна структура“, без да појаснат која.
Премиерот на Финска, Петри Орпо, на прес-конференција одби да одговори на прашањето за одговорните за дефектот на гасоводот и повика да не се донесуваат далекусежни заклучоци.
Трговците ги загрижува и можниот протест на работниците во австралискиот гасен секор и судирот меѓу Израел и палестинското радикално движење Хамас.
Сепак, во прв ред европските политичари, посочуваат дека и покрај скокот на цените на гасот оваа седмица, цените на контитентот сѐ уште се значително пониски отколку во првите месеци од руската инвазија во Украина кон крајот на февраури 2022 година, кога накусо надминаа и 300 евра за мегават/час.
Исто така, се посочува дека европските резервоари за гас се со максимално исполнети капацитети, меѓутоа се стравува од нивно брзо празнење во услови на ниски температори и нарушени правци на снабдување.