Цените на гасот во Европа паднаа на ниво пред војната во Украина

Цените на гасот во Европа оваа недела паднаа на ниво од пред руската инвазија на Украина. Фјучерсите за природен гас на холандскиот центар ТТФ и референтните договори во Европа последната недела се на најниска вредност од февруари, и се движат околу 77 евра за мегават час.

Цените на гасот својот врв го достигнаа во август, кога надминаа 345 евра/MWh, поради руското ограничување на извозот до остатокот од континентот како одговор на казнените санкции на ЕУ и високите летни температури, кои ја зголемиja побарувачката во услови на ограничена понудата.

Неделава пад е забележан и кај цените на нафтата на светските берзи поради загриженоста од зголемениот број случаи на Ковид-19 во Кина, најголемиот увозник на нафта во светот. Во текот на вчерашното тргување нафтата од типот Брент се продаваше за 0,8 проценти поевтино во споредба со претходниот ден и изнесуваше 83,65 долари за барел.  Американската сурова нафта падна за 46 центи, или 0,6%, на 79,07 долари за барел.