Цените на гасот во Европа се приближија до 1.800 долари

(AP Photo/Sergei Chuzavkov)

Цените на природниот гас во Европа во текот на тргувањето во понеделникот се приближија до границата од 1.800 долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Августовските фјучерси, според индексот на една од најголемите платформи за тргување холандски TTF го отворија трговскиот ден со цена од речиси 1.630 долари. Потоа во текот на тргувањето паднаа до 1.575,4 долари, но потоа започнаа да покажуваат постојан раст. Така, до затворањето на тргувањето во понеделникот, цената запре на 1.799,1 долари за илјада кубни метри гас.

На почетокот на март цените на гасот во Европа достигнаа рекордно високо ниво од 3.892 долари, поттикнати од стравувањата за испораките од Русија поради западните санкции поради санкциите на Европската унија воведен поради војната во Украина. Потоа цените на „синото гориво“ почнаа постепен да паѓаат, па на 8-ми јуни беше забележана најниската цена од крајот на февруари од 878,5 долари за илјада кубни метри.

Цените на гасот на континентот повторно влегоа во спиралата на остриот раст кон средината на јуни и последните две седмици, во заднината на намалените испораки од Русија, како поради ремонтирањето на делови од главниот гасовод Северен тек 1 кое е попречено токму поради санкциите, како и прекинот на испораките за некои европски земји кои одбија да плаќаат за енергенсот според моделот кој го воведе Москва.

Во моментов, според процените на аналитичари на енергетскиот пазар во Европа, не постојат предуслови за силен пад на цените на гасот,