Цените на мобилната телефонија и понатаму ќе паѓаат

И покрај крупните промени на пазарот, граѓаните може да очекуваат дека цените на мобилната телефонија и понатаму ќе паѓаат.

Цените со консолидацијата на македонскиот телекомуникациски пазар нема шанса да одат нагоре, трендот на намалување ќе продолжи и понатаму. Ова, меѓу другото го посочува првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски.

Во емисијата „Бизнис 365“ на МРТ, беше посветено поголемо внимание на крупните прегрупирања во телекомуникациите на македонскиот пазар. Двете компании ОНЕ и ВИП станаа еден играч на пазарот. Исто така, промени имаше и во Македонски Телеком, откако компанијата се интегрираше во еден бренд.

Директорот на АЕК…