Цените на мобилната телефонија и понатаму ќе паѓаат

Никола Љушев, Првиот човек на ОНЕ.ВИП, во изјава за „Бизнис 365“ вели дека стратегијата на компанијата е да креира понуда која што генерира нов дополнителен квалитет и ќе го поттикне пазарот да се развива.

За жал пазарот во моментов покажува знаци на стагнација, така што тоа е нешто што нас секако не загрижува и ние сме посветени да го развиваме пазарот понатаму. Развојот на пазарот е можен понатаму само доколку имаме оператори кои што се доволно силни, моќни да генерираат приходи кои што ќе им овозможат да продолжат да инвестираат обилно во инфраструктура, во технологии и во производи и услуги. Со спојувањето на ВИП и ОНЕ домашниот пазар, верувам ќе добие таков оператор, доволно силен да ги обезбеди новите светски технолошки трендови во Република Македонија, притоа нудејќи им најдобри можни услови на корисниците, вели Љушев.

новиот концепт што ќе го понуди Македонски Телеком, ќе значи обединување на мобилната и фиксната телефонија, телевизијата и интернетот
Новиот концепт што ќе го понуди Македонски Телеком, ќе значи обединување на мобилната и фиксната телефонија, телевизијата и интернетот

Со спојувањето на Т –Хоме и Т- Мобиле во една компанија, новиот концепт што ќе го понуди Македонски Телеком, ќе значи обединување на мобилната и фиксната телефонија, телевизијата и интернетот. Со спојувањето се очекува да се зголемат капацитетите и да се подобрат услугите за корисниците.

И во однос на иднината мобилната и фиксната телефонија веќе неможат да опстојат самостојно, туку тие мора да поминат низ еден процес на консолидација бидејќи и потребите на корисниците се менуваат во насока на се поголеми трансфери на податоци и за што мора да се прават инвестиции во насока на зголемување на капацитетите во тој дел. Една од целите на спојувањето на Македонски Телеком и Т-Мобиле е да се зголемат капацитетите, да се воведат нови супериорни технолошки услуги кои што ќе ги задоволат современите потреби на нашите корисници на македонскиот телекомуникациски пазар, вели Димитар Ковачевски директор на комуникации на Македонски Телеком.

Според податоците од АЕК, Вип и Оне заедно имаат повеќе претплатници од Т-Мобиле. Т-мобиле има 47,23 отсто од вкупниот број претплатници, ВИП 27, 59 отсто, а ОНЕ 25, 18 отсто. Заедно ВИП и ОНЕ имаат 52, 87 отсто од вкупниот број претплатници.