Цените на нафтата ја завршуваат годината над 79 долари

Цените на нафтата на меѓународните пазари во петокот се задржаа над нивото од 79 американски долари за барел, поткрепени од заздравувањето на светската економија од пандемиската криза и со ограниченото снабдување кои го натсилија ширењето на новата варијанта на коронавирисот.

На лондонскиот пазар цената на барелот избесуваше 79,50 долари, а на американскиот 76,89 долари.

Во Лондон цената на нафтата би требало да ја заврши 2021 година во плус од 53 отсто,м додека на американскиот пазар се движи кој добивка од 58 отсто. Тоа е нејзиниот највисок раст, и на двата пазара, од 2009 година кога скокна за повеќе од 70 отсто.

Највисоките цени нафтата оваа година ги достигна во октомври, кога со барелот на лондонскиот пазар е тргуваше по 86,70 долари, а на американскиот по 85,41 долар. Следната година се очекува натамошен раст на цените, паралелно со закрепнувањето на побарувачката на млазни горива.

„Ги имавме делта и омикрон и разни видови локдауни и ограничувања на патувањата, но побарувачката на нафтата остана релативно стабилан. Тоа може да се припише на поттикнувањата кои ја поддржуваат побарувачката и на ограничената понуда“, вели за Reuters Крег Џејмс од австралиската брокерска куќа „CommSec“.

Со цената на нафтата од близу 80 долари, Организацијата на земјите извознички на нафа (OPEC) и нејзините партнери предводени од Русија веројатно на состаникот на 4-ти јануари е ја потврдат одлуката за зголемување на снабдувањето во февруари за 400.000 барели дневни, дознава Reuters oд четири различни извори.

„Мислам дека OPEC+ е биде изложен на силен притисок да обезбеди доволно нафта на пазарите“, смета Џејмс.

На крајот од седмицата и годината цените ги закочки скокот на бројот на заразените со Covid-19 во целиот свет, од Австралија до САД,  како последица на ширењето на новиот позаразен сој на коронавирусот. Американските здравствени власти предупредија за подготовики за сериозни нарушување следните седмици, имајќи предвид дека дневните стапки на инфекциите ќе се зголемат поради бројните патувања во текот на празнциите и отворањето на училиштата по зимските празници.