Цените на нафтата без поголеми осцилации во однос на претходниот ден

Цените на нафтата беа незначителни променети на меѓународните пазари во вторникот, бидејќи Организацијата на земјите извознички на нафта (ОPEC) jа задржа својата прогноза за глобалната побарувачка на нафта, а инвеститорите ги очекуваа податоците за инфлацијата во САД.

Цената на барелот на лондонскиот пазар остана речиси иста како и претходниот трговски ден 83,27 долари, а на американскиот пазар 79,03 долари.

OPEC денеска објави дека цената на барел од референтната нафтена кошничка на нејзините членки во понеделникот паднала за 86 центи во однос на претходниот трговски ден, на 83,43 долари.

Во понеделникот цената на пазарот во Лондон забележа највисок дневен раст за повеќе од две седмици, а американската во последниот месец, врз основа на индициите за подобрена побарувачка кај двата најголеми светски потрошувачи на нафта, САД и Кина.

Инвеститорите го чекаат објавувањето на американскиот индекс на потрошувачки цени во САД во среда, барајќи знаци дали централната банка Fed наскоро ќе размисли за намалување на каматните стапки. Ова може да го поттикне економскиот раст, а со тоа и побарувачката за нафта.

Во вторникот OPEC ја задржа својата проценка за релативно силен раст на глобалната побарувачка на нафта во 2024 година и порача дека постои шанса светската економија да биде подобра од очекуваното оваа година. Во својот месечен извештај наведува дека светската побарувачка на нафта ќе се зголеми за 2,25 милиони барели дневно оваа година, а за 1,85 милиони барели дневно следната година.