Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во вторникот, откако паднаа два по ред трговски дена, бидејќи Израел го прифати предлогот на САД да го разреши ќор-сокакот што го блокираше договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.
Цената на барелот на лондонскиот пазар во однос на претходното затворање порасна за 19 центи, на 77,85 долари. Со барелот на американскиот пазар се тргуваше и по повисока цена од 19 центи, по 73,85 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во посебен извештај објави дека во понеделникот цената на барел од референтната нафтена кошничка на нејзините членки се намалила за 1,17 центи, на 78,69 долари.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во понеделникот изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го прифатил предлогот презентиран од Вашингтон за решавање на разликите што го блокираат договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и го повика Хамас да го стори истото.
Цената на барелот во Лондон во понеделникот падна за околу 2,5 отсто, а на американскиот пазар за 3 отсто. На лондонскиот пазар од почетокот на тримесечниот период цената на барелот брент падна за 9,8 отсто, а на американскиот пазар за 8,7 отсто.
„Договорот за прекин на огнот во Газа сега изгледа поверојатен, со цените на нафтата кои ги „компензира“ ризиците од геополитичките тензии“, рече Јеап Џун Ронг од IG.