Цените на нафтата близу 78 долари

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари близу нивото од 78 долари во средата, бидејќи знаците за олабавување на вработеноста во САД ги поттикнаа шпекулациите за намалување на каматните стапки на почетокот на есента, засенувајќи ги најавите на главните производители за зголемување на понудата.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 39 центи повисока од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 77,91 долар. За исто толку поскапе и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 73,64 долари.

Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелoт од нафтената еферентна кошница на нејзините членки во вторникот поевтинил за 3,13 долари на 78,17 долари.

Трговците стравуваат за побарувачката поради високите каматни стапки што ја намалуваат активноста во големите економии како САД и Европа, а OPEC и нејзините сојузници големи независни извозници прдводени од Русија во неделата објавија дека постепено ќе ја зголемат понудата во последните месеци од годината.

Од крајот на 2022 година, нафтениот картел попознат како OPEC+ ја намалува понудата за 5,86 милиони барели дневно, што одговара на околу 5,7 отсто од глобалната побарувачка. Во неделата тоа го продолжија за една година, до крајот на 2025 година, договор со кој се предвидува намалување на понудата за 3,66 милиони барели дневно. Останатите 2,2 милиони барели дневно ќе бидат исклучени од пазарот до крајот на септември, соопшти групацијата, додавајќи дека планот е етапно да се враќаат до крајот на септември следната година.

Сепак, саудискиот министер за енергија принцот Абдулазиз бин Салман во средата предупреди дека ќе го паузира зголемувањето на понудата доколку побарувачката не е доволно силна.

Цените беа поддржани во средата и од забавувањето на вработувањата во приватниот сектор во САД во мај, според податоците на ADP, поттикнувајќи ги шпекулациите дека централната банка Федералните зерви (Federal Resetrve – Fed) сè уште може да ги намали трошоците за задолжување на почетокот на есента.

„Вчерашните податоци за вработеноста во САД доведоа до заклучок дека тензијата на пазарот на трудот е намалена и дека Fed може да ги намали каматните стапки во септември“, објаснува Тамаш Варга од „PVM Oil“.

Трговците беа охрабрени и од изјавата на американската министерка за енергетика Џенифер Гранхолм дека Вашингтон може да го забрза темпото на полнење на стратешките нафтени резерви. Глобалниот пазар на нафта е добро снабден, додаде Гранхолм.

Посилниот раст на цените го забави растот на залихите на сурова нафта и бензини во САД минатата седмица, за повеќе од четири милиони барели, според извори кои се повикуваат на бројки од здружението на производители API. Владата подоцна во текот на денот ќе ги објави официјалните податоци.