Цените на нафтата се задржаа близу до нивото од 79 долари на меѓународните пазари во понеделникот, бидејќи трговците ги одмеруваа можните прекини во снабдувањето од Блискиот исток и подзабавената економија што влијае на глобалната побарувачка на нафта.
На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување изнесуваше за 27 центи повисока отколку на затворањето на тргувањето на крајот на минатата седмица и изнесуваше 78,83 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот со датуми на испорака во февруари се тргува по 35 центи повисока цена, по 73,76 долари. Поактивно се тргуваше со барелите за испорака во март, по цена повисока за 31 цент и 73,56 долари.
Одделно, Органзиацијата на земјите извозничкои на нафта (OPEC) објави дека во петокот барелoт од референтната нафтена кошничка на нејзините членки поскапел за 88 центи на 80,27 долари.
„Претпладневното пригушено отворање (на пазарите) зборува многу за моменталното расположение на пазарот на сурова нафта, и покрај тековните геополитички конфликти во Европа и на Блискиот исток“, рече Тони Сајкамор од IG.
Нема знаци на здивнување во офанзивата на Израел во палестинската енклава Појас Газа и нападите на јеменското движење „Ансар Алаа“ врз бродовите поврзани со Израел во Црвеното Море, и покрај повторените воени реакции а САД.
Милицијата „Ансар Алаа“ на јеменската заедница Хути бара прекин на израелските воени операции и испорака на хуманитарна помош за Палестинците, а САД и Велика Британија одговараат дека со напад на цели во Јемен сакаат да ја заштитат пловидбата на рутата преку која минува до 15 отсто од светската трговија.
Во такви услови, трговците стравуваат од ширење на конфликт, што би го ставило во прашање снабдувањето од Блискиот исток. Некои аналитичари, пак, се повеќе загрижени за побарувачката.
Производителите пласираат повеќе барели на пазарот, а изгледите за економскиот раст во Кина и Европа во најдобар случај се измешани, објаснува аналитичарот на IG, посочувајќи на очекувањата дека податоците што треба да се добијат оваа недела ќе покажат значително забавување на економскиот раст на САД.
„Инвеститорите сакаат да бидат оптимисти, но тие се на стража поради слабите податоци и претпазливиот наратив на функционерите“, објаснува Тамаш Варга од нафтената брокерска куќа PVM.
Меѓународната агенција за енергија (IEA), Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и американската влада се разликуваат во голема мера во нивните проценки за овогодинешниот раст на побарувачката, кои се движат од 1,24 до 2,25 милиони барели дневно. Сепак, се согласуваат дека растот ќе забави во 2025 година.