Цените на нафтата останаа под нивото од 83 долари на меѓународните пазари во понеделникот, бидејќи инвеститорите се загрижени од сигналите од американската централна банка дека е подготвена да го одложи намалувањето на трошоците за задолжувањето, што ќе ја намали побарувачката за енергенси.
На лондонскиот пазар попладнето цената на барелот за испорака во јули беше за 56 центи повисока отколку на затворањето на тргувањето на крајот на минатата седмица и изнесуваше 82,68 долари. Со барелите за испорака во август се тргуваше поактивно, за 58 центи поскапо, по 82,43 долари.
За исто толку, цената на барелот порасна на американскиот пазар, на 78,30 долари.
Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки поветинил во петокот за 49 центи на 81,92 долари.
Тргувањето е тивко на почетокот од седмицата поради продолжениот виленд во САД во Велика Британија. Минатата седмица трговците ги загрижи записникот од седницата на американската централна банка (Federal Reserve – Fed), бидејќи покажа дека некои нејзини функционери се подготвени да ги зголемат каматните стапки доколку инфлацијата не стивне. Високите камати веќе подолго време ја кочат економијата и побарувачката на енергенси.
„Расположението во нафтениот комплекс… е преплавено со нервоза, бидејќи инвеститорите постојано ги прилагодуваат очекувањата за патеката на монетарната политика на Fed“, појаснува Вандана Хари од „Vanda Insights“.
Се променија и очекувањата поради различните економски трендови во западните земји. Европската централна банка (ECB) најверојатно ќе ги намали каматните стапки следната седмица поради стагнацијата на економијата, додека Fed би можела да ги задржи на повисоко ниво, проценуваат во петокот аналитичарите на „Bank of America“.
Индексот за лична потрошувачка на САД (PCE) ќе биде во центарот на вниманието оваа седмица, бидејќи централната банка го гледа како клучен показател за инфлацијата. Во еврозоната инфлацијата во Германија и еврозоната во целина ќе ги преокупира инвеститорите.
Кон крајот на седмица OPEC и неговите сојузници големи независни извозници предводени од Русија, познаите како OPEC+, ќе ја преиспитаат производната политика. Тие во моментов ги намалуваат испораките за 2,2 милиони дневно, а изворите велат дека најверојатно ќе палсираат помалку барели на пазарот и по 30 јуни.