Цените на нафтата се зголемија до 78 долари на меѓународните пазари во петокот, бидејќи инвеститорите повторно се фокусираа на тензиите на крајот на годината во Црвеното Море, засенувајќи ја загриженоста за побарувачката во контекстот на високите каматни стапки и нестабилна економија.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 72 центи повисока отколку на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 77,87 долари. Речиси за исто толку порасна и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 72,53 долари.
Трговците повторно се фокусираа на тензиите во Црвеното Море на последниот работен ден од годината, откако американската воена комапнда за во регионот CENTCOM објавија дека американскиот воен бродд „USS Mason (DDG 87)“ соборил беспилотно летало и балистичка ракета истрелани од јеменските Хути.
Ниту еден од бродовите во областа не пријавил повредени морнари или материјална штета. Хутите ја искажуваат својата поддршка за Палестинците во Појасот Газа со напади, попречувајќи ја пловидбата на бродовите поврзани со Израел.
Новиот инцидент уште еднаш го наметна прашањето за ризикот од плоавидбата во Црвеното Море, што беше ублажено со навестувањето сигналот на данската бродска компанија „Maersk“ дека поради најавената меѓународна воена операција може да ги врати бродовите на рутата преку Суецкиот канал. Досега тие беа пренасочувани преку ‘Ртот на добрата надеж на крајниот југ на Африка што ја продолжуваше пловидната со илјадници наутички милји и денови..
САД најавија меѓународна поморска коалиција која треба да го заштити бродот низ Црвеното Море, но многу сојузници се двоумат или најавуваат повлекување, откривајќи ја поделеноста околу израелската војна во Газа и американската поддршка за Тел Авив.
Ескалацијата на тензиите на виталната светска поморска рута ја засени загриженоста за побарувачката, бидејќи растечките каматни стапки ја кочат економската активност.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници независни големи производители се обидуваат да ја усогласат послабата побарувачка со намалување на понудата, моментално за околу шест милиони барели дневно, што одговара на околу шест отсто од глобалната понуда.
OPEC поради празниците и денеска не ја објави цената на барелот на референтата нафтена кошничка на своите членки. Минатиот четврток изнесуваше 80,84 долари.