Цените на нафтата се приближија во четвртокот на меѓународните пазари до нивото од 80 долари за баре, поттикнати од загриженсота за иранскиот извоз поради најавените американски санкции, што дополнително би го намалило снабдувањето на и онака стесното снабдување на пазарот.
На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 58 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 79,86 долари. Во речиси идентичен износ порасна и на американскиот пазар каде што со барелот се тргуваше по 72,06 долари.
Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафата (OPEC) претпладнето објави дека цената на референтната кошничка нејзина нафта во средата изнесувала 75,18 долари, што значи дека паднала за 29 центи во однос на претходниот трговски ден.
Нафтените пазари ги поткрепува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од меѓународниот нуклеарен договор со Иран и обновување на санкциите за оваа земја, што би можело да го ограничи извозот на третиот произведувач во рамките на OPEC.
Францускиот нафтен гигант „Total“ во средата предупреди дека би можел да се откаже од милијарда долари вредниот гасен проект во Иран, доколку не се осигури изземање од американските санкции, што го засилува сомнението де европските земји ќе успеат да го спасат нуклеарниот договор со Иран. Дополнителна загриженост, пак, на пазарите создава остриот пад на прозиводството во Венецуела во изминатите месеци.
„Геополитичката бука и стравот од ескалација нема толку скоро да спласне. Во фокусот е вниманието за загриженсота за снабдувањето откако САД го напуштија договорот со Иран“, смета Норберт Рукер од швајцарската банка „Julius Baer“.
Светските резерви сирова нафта и деривати остро се намалија изминатите месеци поради силната побарувачка и ограниченото снабдување од водечките светски производители. Трендот би требало да продолжи, имајќи ја предвид летната сезона на зголемено возење и ќе го неутрализира зголемувањето на американското производство, сметаат аналитичарите на „Bernstein“.
„Иако имајќи го предвид острото зголемување на американското производство и бројот на дупчењата на постројки во САД се поставува прашање колку уште долго резервите ќе паѓаат годиниви, сметаме дека тие и натаму ќе се намалуваат бидејќи влегуваме во сезоната на летните патувања во 2018 година“, велат аналитичарите.
Неколку банки во извештаите за своите клиенти изминатите денови ги зголемија процените за цените на нафтата, а како причина ги наведоа помалите резерви и силната побарувачка.