Цените на нафтата на највисокот ниво во три месеца

Ценита на нафтата пораснаа во понеделникот на меѓународните пазари на највиското ниво во последните три месеца, поткрепени од оптимизмот по постгинатиот трговски догвоор меѓу САД и Кина, како и добрите показатели од индустријата, а трговците внимателно ќе ги следат и настаните на Блискиот исток по американските воздушни напади во Ирак и во Сирија.

На лондонскиот пазар цената на барелот нафта порасна за 63 центи во однос на претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 68,79 долари. Во целата 2019 година порасна за околу 27 отсто. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 34 центи повиска цена, од 62,06 долари, а неговата вредност годинава скокна за 36 отсто.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во понеделникто на ја објави цената на барелот референтна кошничка нафта на своите членки.

„Цените на нафтата и нaтаму се на високи нивоа. Тензиите на Блискиот исток би можеле да создадат клучни нарушувања во регионот, намалувањето на американските резерви ја ублажи загриженоста од заситеност, а САД и Кина настојуваат да ја завршат правата фаза од трговскиот догово“, вели за Reuters Едвард Мија од OANDA.

Тензиите на Блискиот исток се разгореа откако САД во неделата изведоа воздушни нападио врз ирачката шиитска милиција Катаиб Хезболах, а демонстрантите во Ирак во саботата накусо го блокираа нафтеното поле Насирија.

Во Либија, пак, државната нафтена компанија NOC го разгледува затворањето на пристаништето Завија и евакуација на персоналот од рафинеријата поради блиските судири.

Цените на нафтата ги поддржа и падот на американските резерви од сирова нафа во седмицата до 20-ти декември за 5,5 милиони барели, во однос на поскромното намалување од процените на аналитичарите во анкетата на Reuters од 1,7 милиони барели.

Во Кина фабричките активности во декември веројатно повторно се зголемени по силната надворешна побарувачка и зголемувањето на домашната инфраструктура, иако стапата на растот забавува, додека пазарите ги чекаат сигналите за поголема сигурност во трговското примирје меѓу Вашингтон и Пекинг, покажува истражувањето на Reuters.