Цените на нафтата на највисоко ниво од ноември 2014-та

Цените на нафтата пораснаа во вторникот на највисокото ниво од ноември 2014 година, поддржани од намалувањето на производството на членките на Организјацијата на земјите извознички на нафта (OPЕC), засилената побарувачка и можното повторно воведување американски санкции за Иран.

На лондонскиот пазар цената на барелот нафта порасна шести ден со ред, и тоа за 37 центи во однос на претходното затворање, на 75,08 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 51 цент повисока цена од вчерашната, од 69,15 долари.

Одвоено ОPEC во вторникот утрото објави дека цената на барелот на референтната кошничка негова нафта во понеделникот изнесувала 70,51 долар, што значи дека пораснала за 15 центи во однос на претходниот трговски ден.

Цената на барелот во Лондон се највисокот ниво од 27-ми ноември 2014 година, кога членките на OPEC се откажаа од намалувањето на производството како поддршка за цените. Тоа ја поттикна борбата за уделот на пазарот и доведе до потонување на цените на барелот на само 27 долари на почетокот од 2016 година.

Цените на нафтата почнаа повторно да закрепнуваат во текот на 2016 година, кога OPEC со помош на Русија и другите производители надвор од картелот договориле намалување на производството.

Во актуелната ситуација, САД до 12-ти мај ќе одлучат дали ќе ги прекинат догворот со Иран за неговата нујлеарна програма, и одново ќе воведат санкции против оваа земја која е трет најголем извозник во OPEC, што би ја ослабело глобалната понуда.

„Во моментов никој не сака да прогнозира, каков ќе биде американскиот став во однос на нуклеарниот договор“, вели во анкетата на Reuters Тамаш Варга од OMV, кој истакнува дека цената во Лондон е главно поткрепена од оваа загриженост.

Сивен Инс, од азиско-пацифичкиот одел на OANDA, пак, смета дека новите санкции за Техеран би можеле „да ги поскапат цените на нафтата по барел дури и до 5 долари“.

Кастрењата на производството на OPEC и закантата со нови санкции се појавуваат истовремено со рекордната побарувачка во најголемиот светски регион според побарувачката Азија, додека новите и проширени рафинериски постројки започнуваат со преработка од Кина до Виетнам.