Цените на нафтата највисоки во 13 месеци поради помалата понуда и слабеењето на доларот

Цените на нафтата во вторникот на меѓународните пазари седми работен ден со ред, на највисокото ниво од крајот на јануари 2020 година, благодарејќи на намалувањето на понудата од произведувачите и оптизмот на бранот на закрепнувањето на побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна на средината од тргувањето во вторникот за 41 цент во однос на претходното затворање на тргувањето, на 60,97 долари. На американскиот пазар се зголемила за 28 центи, на 58,25 долари. Одвоено, OPEC, утрово на својата интернет страница објави дека цената на барелот на референтната негова кошничка нафти од неговите членки во понеделникот изнесуваше 59,58 долари, што значи дека се зголемила за 66 центи во однос на претходниот работен ден.

„Најновиот скок на цените го припишуваме, во прв ред, со факторите од финансиските пазари, како што е значителниот оптимизам кај инвеститорите и повторното слабеење на американскиот долар, па очекуваме корекција на цените“, наведуваат аналитичарите на „Commerzbank“ во својата белешка.

Доларот падна за 0,4 отсто во однос на кошницата највилјателни валути, со што стоките изразени во долари стануваат попривлечни за оние кои ги поседуваат другите валути.

Најголемиот извезник, Саудиска Арабија, ја намали понудата за февруари и за март, со актуелните кастрења на членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нивните сојузници предводени од Русија, што ги поттикна процената на дефицитот во снабдувањето во оваа година.

Покрај тоа, производството на либиската нафта падна на 1,04 милиони барели дневно, во однос на 1,3 милиони барели кон крајот на минатата година, поради трајниот протест на обезбедувањата на нафтените постројки, извести во понеделникот либиски извор.

Како сигнал за не толку брзо враќање на иранските количества на пазарите, се чини дека Вашингтон и Техеран се заглавија на мртва точка поради резолуцијата за санкциите против оваа членка на OPEC.

Инвеститорите, исто така, полагаат надежи во закрепнувањето на побарувачката ќе се поттикне со вакцинирањето на светска популација, додека слабиот долар ги зголеми цените на стоките. Тие со внимание ќе ги следат и американските податоци за резервите од минатата седмица, кои подоцна во вторникот ќе ги објави Американскиот институт за нафта, а во среда ќе бидат објавени официјалните податоци на американската влада.