Цените на нафтата се стабилизираа над 71 долар на меѓународните пазари во вторникот, бидејќи стравувањата од израелски напад врз иранската нафтена инфраструктура се потиснати од загриженоста за побарувачката.
На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше за 29 центи пониска од вчерашното затворање на паарот и изнесуваше 71,13 долари. Вчера ја затвори трговијата со загуба од 4,69 долари.
Речиси за исто толку падна и цената на барелот денеска на американскиот пазар каде се тргуваше по 67,13 долари. Вчера го заврши тргувањето со загуба од 4,4 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека во понеделникот цената на барел од референтната нафтена кошничка на нејзините членки паднала за 2,22 долари, на 71,59 долари.
Изминатите седмица трговците стравуваа дека Израел во својот најавен напад врз Иран може да избере цели во нафтената и нуклеарната инфраструктура при нападот врз Иран. Меѓутоа, изралеските удари беа ограничени на воени цели близу иранската престолнина Техеран и во регионите Илам и Кузестан
Најавата на известувачот на американскиот портал Axios, Барак Равид на Х дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со шефовите на војската и разузнавањето во вторник навечер за да разговараат за дипломатско решение за војната во Либан, ги ублажи нервозите на нафтениот пазар.
Аналитичарите заклучија дека и Израел и Иран можеби ќе сакаат да избегнат ескалација и вниманието сега се врати на побарувачката.
„Глобалните рафинерсики маржи се слаби, бидејќи побарувачката продолжува да расте послаба од просекот поради побавната економска активност. Тоа ќе биде поттикнато од новите кинески мерки за стимулирање на економскиот раст“, изјави за Reuters извршниот директор на BP, Мареј Aучинклос.
САД во понеделникот објавија дека ќе купат до три милиона барели нафта за своите стратешки резерви, со краен рок за испорака во април и мај следната година. Купувањето сè уште е доведено во прашање бидејќи наменскиот буџет е речиси празен, а финансиската инјекција бара зелено светло од Конгресот.
„Американскиот јавен тендер носи нов, голем купувач во време кога многу малку земји купуваат нафта за резерви“, истакнува Џон Еванс од PVM.
Хари Чилингвиријан од Onix, пак, предупредува дека американското купување нема да ги неутрализира песимистичките прогнози за побарувачката на нафта во Кина и Европа.