Цените на нафтата над 75 долари, западните санкции против Иран и Русија ја намалуваат понудата

Цените на нафтата се искачија над 75 долари на меѓународните пазари во понеделникот, а аналитичарите проценуваат дека западните санкциит против Иран и Русија ја намалија понудата, но зголемувањето на цените на гасот ја зголеми побарувачката за поевтино гориво.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 87 центи повисока отколку на затворањето на тргувањето на крајот на минатата седмица и изнесуваше 75,53 долари. За речиси исто толку порасна цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше за 71,90 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одделно објави дека барел кошничка нафта на нејзините членки во петокот поскапе за 26 центи на 76,71 долари.

На почетокот од седмицата вниманието на трговците го привлекоа новите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за царините. Трамп во неделата рече дека веќе во понеделник ќе воведе царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум. Според него, во вторник и среда треба да следуваат реципрочни царини против сите земји што им ги наметнале на САД за да се изедначат давачките.

„Многу е едноставно, ако ни наплатат, ќе им наплатиме“, рече американскиот претседател во објаснувањето на реципрочните мерки.

Пред само една седмица, Трамп објави царини за Канада, Мексико и Кина, но веќе следниот ден ги оложи на еден месец за северниот и јужен сосед. Кина, пак, одговори на новите американски царини со давачки за увоз на нафта, јаглен и течен гас од САД. Трговците побараа од Пекинг да ги ослободи нафтата и течниот гас од царините.

Постојат стравувања дека царините би можеле да го забават глобалниот економски раст и побарувачката за енергија. Можеби заклучија дека не треба да реагираат негативно на секоја вест и дека можат да очекуваат слични наслови во наредните недели и месеци, додаде Сикамор.

Откако поранешниот американски претседател Џо Бајден ја санкционираше трговијата со руска нафта кон крајот на неговиот мандат, новата влада го засили притисокот врз Иран минатата седмица со нови санкции за превозниците кои транспортираат нафта во Кина.

„Ефектите од санкциите врз Иран и Русија сѐ повеќе се чувствуваат, а испораките се намалуваат“, вели аналитичарот на SEB, Бјарне Шилдроп.

Цените на нафтата се поддржани и од зголемувањето на цените на природниот гас, бидејќи тие ја стимулираат побарувачката за поевтини горива, додава Шилдроп.