Цените на нафтата над 82 долари

Цените на нафтата се задржаа над 82 долари на меѓународните пазари во петокот, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од податоците од американската економија и најавeните поттикнувања во Кина.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше речиси непроменета во однос на вчерашното затворање на трговувањето и изнесуваше 82,36 долари. Вчера го затвори тргувањето со добивка од 2,39 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот денеска се тргуваше по пониска цена за 58 центи, од 76,78 долари. Вчера ја затвори трговијата со добивка од 2,27 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно денеска објави дека во четвртокот барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки поскапел за 93 центи, на 81,98 долари.

Трговците беа охрабрени во четвртокот од податоците на американското Министерство за трговија, кои покажаа стабилен економски раст на крајот на минатата година, отфрлајќи ги стравувањата од нагло забавување.

Расположението го поддржуваат и најавените мерки за зајакнување на ликвидноста во Кина. Централната банка ќе го намали коефициентот на задолжителната резерва на заемодавачите за половина процентен поен од почетокот на февруари, што би требало да направи милијарди јуани достапни за економијата.

„Економијата неверојатно успешно ја преброди бурата предизвикана од повисоките каматни стапки, и таа е раздвижена на почетокот од 2024 година“, вели Тамаш Варга од PVM, мислејќи на САД.

„Добра вест е и намалената стапка на задолжителни резерви за банките во Кина“, додава Варга.

Пазарите будно ги следат и тензиите во Црвеното Море. Кинеските власти побараа од Иран да помогне да се запрат нападите на јеменското движење „Ансар Алаа“ врз бродови поврзани со Израел во Црвеното Море, изјавија за Reuters во петокот неименувани извори.

Движењето е доминантна сила во Советот што управува со густо населените делови на Јемен, а неговите борци редовно напаѓаат бродови, барајќи прекин на огнот во палестинскиот Појас Газа и испорака на хуманитарна помош за Палестинците. САД и Британија возвратија со напади на нивните позиции во Јемен, што дополнително ја зголеми загриженоста од прелевање на ескалацијата на израелско-палестинската војна во блискоисточниот регин.

„Досега, воените дејствија на американските и британските сили во Црвеното Море не ги спречија нападите, па инвеститорите веќе ги ппресметаа континуираните нарушувања во цените“, појаснува Јеап Џун Ронг од сингапурски IG.