Цените на нафтата се задржаа над 86 долари на меѓународните пазари во вторникот, што го одразува дијаметрално спротивното влијание на намалената преработка во руските рафинерии по украинските напади за кои сѐ уште не е јасно колкава штета предизвикале.
На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во мај беше речиси непроменета во однос на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 86,64 долари. Вчера ја затвори трговоскиот ден о добивка од 1,32 долари. Денеска поактивно се тргуваше со барел со датум на испорака во јуни, исто така, по речиси непроменета цена од 86,04 долари.
Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар каде сп барелот се тргуваше по 82 долари. Вчера ја затвори трговијата со добивка од 1,32 долари.
Во понеделникот цените на двата пазари се зголемија откако руската влада им нареди на компаниите да го намалат производството во вториот квартал на девет милиони барели дневно, во согласност со договорот на ниво на проширената Организација на земјите извознички на нафта OPEC+. Русија е меѓу трите најголеми светски производители на нафта и меѓу најголемите извозници на нафтени деривати, а нејзините рафинерии се цел на украински напади. Пресметкиоте на Reuters укажуваат дека наводно 14 отсто од вкупниот руски капацитет моментално не е во функција, но не е позната точната причина за тоа.
Како што најавуваат во белешката, аналитичарите на FGE очекуваат структурен пад на обработката и проценуваат дека нема да се врати на нивоата од 2023 година ниту во втората половина од годината.
„Запирањето на рафинирањето нафта има мешан ефект врз цените на суровата нафта. Падот на побарувачката на рафинериите влијае врз цените на нафтата, додека потенцијално послабиот руски извоз на нафта ги поддржува“, напишаа во белешката аналитичарите на „Goldman Sachs“.
Одделно, OPEC објави дека барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки во понеделникот поскапел за 55 центи на 85,43 долари.