Цените на нафтата надминаа 84 долари

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари во средата на над 84 американски долари за барел, поттикнати од проблемите на произведувачлите со зголемување на снабдувањето и процените дека ширењето на заразите со омикрон варијантата на коронавирусот нема да го наруши закрепнувањето на побарувачката од коронакризата.

На лондонскиот пазар цента на барелот во попладневното тргување беше во плус од 47 центи во однос на затворањето во претходниот трговски ден и изнесуваше 84,10 долари. Во вторникот го затвори тргувањето во позитива од 2,85 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 66 центи повисока цена, од 81,88 долари. А претходниот трговски ден го заврши во плус од 2,99 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), во својот издвоен извештај објави дека барелот од референтната кошница нафта на нејзините членки во вторникот чинел 82,13 долари, што значи дека поскапел за 38 центи во однос на претходниот трговски ден.

Пазарот во вторникот беше фокусиран на сигналите дека произведувачите не успеваат да го зголемат снабдувањето со нафта и на процените дека ширењето на заразите со омикрон варијантата на коронавирусот нема да го попречи закрепнувањето на глобалната побарувачка од последиците на коронакризата.

Претседателот на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Џером Пауел, изјави во вторникот дека сегашниот бран на Covid-19 би требало да предизвика само „краткотрајни“ последици во стопанството на САД, најголемиот светски потрошувач на нафтата. Стопанството е подготвено за заострување на монетарните политики, заклучи Пауел.

Поддршка на цените им пружи и послабиот долар, кој ја поевтинува нафтата за купувачите со други валути, па ја потткрепува побарувачката.

Цените во договорите со рокови за испорака во февраури во моментов на пазарот во Лондон се повисоки за околу 4,2 долари отколку во договорите со рокови за испораки во втората половина од годинава, што навестува дека снабдувањето во моментов е тесна, се истакнува во анализата на Reuters.

Водечките производители во OPEC и партнерите на нафтениот картел предводени од Русија, неодамна решија да го зголемат производството и во февраури за 400.000 барели дневно, со што координираното намалување на снабдувањето е сведено на три милиони барели дневни. Своевремено го намалуваа снабдувањето за девет милиони барели дневно, за да го прилагодат на урнисаната побарувачка во пандемијата на Covid-19.

Иако сојузот на производителите наречен OPEC+ од месец в месец го подигнува нивото на производство, некои земји не успеваат во целост да ги искористат квотите коишто им се доделени поради технички тешкотии.

„Доколку стопанството во Кина остро не забави и доколку омикронот исчезне, па имајќи ја предвид очигледната ограничена способност OPEC+ да го зголеми производството, цената во Лондон би можела да порасне кон 100 долари во првиот квартал, а можеби и порано. Има многу варијабили во таа реченица, а најголема е заканата на омикронот во Кина, Индија и Индонезија“, вели за Reuters Џефи Хејли од корпорацијата „Oanda“.

Во меѓувреме рафинерсиките маржи за млазните горива во Европа се вратија на претпандемиските нивоа во услови на намалување на снабдувањето и закрепнувањето на воздухопловниот сообраќај во светот.

Расположението на пазарите го поддржа и податокот дека американските резерви на сирова нафта минатата седмица паднаа за 1,1 милион барели, според трговски извори кои се повикуваат на изештајот на Американскиот институт на нафта (API). Официјалните податоци на американската влада ќе бидат објавени подоцна во средата. Во Вашингтон владата во вторникот ја подигна процената за побарувачката на нафта во САД за годинава на 840.000 барели дневно, од сегашните 700.000 барели дневно.