Цените на нафтата ослабеа на крајот од седмицата

Цените на нафтата ослабеа во петокот на меѓународните пазари, но на седмична основа првпат забележаа раст по трите седмици пад, бидејќи учесниците на пазарите очекуваат раст на побарувачката од најголемите светски економии.

Цената на барелот нафта на лондонскиот пазар во петокот ослабе за 13 центи во однос на претходниот трговски ден, на 83,14 долари, додека барелот на американскиот пазар се тргува по пониска цена од 17 центи, по 79,06 долари. Така барелот брент во Лондон е на пат на седмичен раст од 0,4 отсто, а на американскиот пазар WTI за 1 отсто.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека во четвртокот цената на барелot од референтната нафтена кошничка на нејзините членки се зголемила за 35 центи, на 83,30 долари.

Кинеското индустриско производство се зголеми за 6,7 отсто на годишно ниво во април, што укажува на можна поголема идна побарувачка за нафта. Кина, исто така, најави големи чекори за стабилизирање на својот сектор на недвижности погоден од кризата.

„Иако кинеските податоци, како и уште еден украински напад врз руската нафтена инфраструктура, ги зголемија цените, цената на нафтата допрва треба убедливо да закрепне од неодамнешниот пад“, вели Тамаш Варга од PVM.

Падот на залихите на нафта и деривати во светските трговски сили, исто така, го поттикнува оптимизмот за побарувачката.