Цените на нафтата паѓаат кон 82 долари, трговците загрижени за побарувачката

Цените на нафтата паднаа на 82 долари на меѓународните пазари во вторникот, бидејќи загриженоста за побарувачката повторно преовлада меѓу инвеститорите по сигналите од американската централна банка дека нема да брза со намалување на трошоците за задолжување поради инфлацијата.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попланевното тргување беше пониска за 1,54 долари во однос на вчерашното затворање на пазарот и изнесуваше 82,17 долари.

На американскиот пазар со барелот за испорака во јуни се тргува по пониска цена од 1,49 долари, по 78,31 долари. Барелите за испорака во јули беа поактивни и се тргуваа за 1,55 долари пониски на 77,75 долари.

Одделно, Организацијата на земјите извонички на нафта (OPEC) објави дека цената на барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки во понеделникот поскапела за 47 центи на 84,04 долари за барел.

Расположението на пазарите на почетокот на седмицата беше пригушено од изјавите на функционерите на американската централна банка дека ќе размислуваат за намалување на каматните стапки дури по нови индиции за забавување на инфлацијата. Потпретседателот на Fed, Филип Џеферсон изјави дека сè уште не е можно со сигурност да се каже дали инфлацијата ќе ослабне во подолг временски период, а неговата позиција ја повтори и претседателот на филијалата на банката во Атланта, Рафаел Бостич.

Потпретседателот Мајкл Бар предупреди дека на рестриктивната монетарна политика ѝ е потребно повеќе време за да го даде посакуваниот плод.

Изјавите на претставниците на американската централна банка сигнализираат дека тие планираат да ги задржат трошоците за задолжување на покачено ниво подолго од очекуваното на пазарите, што ќе влијае на пазарите на нафта бидејќи тие ќе ја ограничат економската активност и побарувачката на енергенси.

„Стравовите од послаба побарувачка предизвикаа распродажба на нафтените пазари, бидејќи намалувањето на каматните стапки продолжува“, рече Тошитака Тазава од „Fujitomi Securities“.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници недвор од картелот повторно ќе ја разгледаат производната политика на состанокот закажан за 1 јуни. Групацијата моментално ја намалува понудата за 2,2 милиони барели дневно, а извори за Reuters изјавија дека може да намалат повеќе барели од пазарот доколку не зајакне побарувачката.