Цените на нафтата паѓаат на 79 долари, Кина во фокусот

Цената на нафтата падна на 79 долари на меѓународните пазари во вторникот, бидејќи загриженоста на трговците за побарувачката во Кина ги засени шпекулациите дека уште построгите санкции на САД кон Венецуела ќе ја намалат понудата.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 77 центи пониска од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 79,01 долар. Вчера го заврши тргувањето со загуба од 1,35 долари.

На американскиот пазар со барелотденеска се тргуваше по пониска цена од 66 центи, по 75,51 долар. Вчера, исто така, го затвори тргувањето со пад од 1,35 долари.

Засебно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека во понеделникот цената на барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки паднала за 1,01 долар, на 80,66 долари.

На почетокот од седмицата расположението на пазарот беше обележано со загриженост за побарувачката во Кина. Податоците на царинската управа покажаа дека увозот на нафта во Кина е намален за 11 отсто во првата половина од годината, што ја подгрева загриженоста за побарувачката. Независните рафинерии ја намалија понудата, бидејќи ги надополнуваа залихите со поевтина мешавина на нафта со руски барели.

Трговците се загрижени и за забавувањето на кинеската економија во вториот квартал, кога активноста се зголеми за 4,7 отсто во споредба со истиот период лани. Во првиот квартал беше зголемена за 5,3 отсто. Кинеските власти најавија мерки за помош, но пазарите заклучија дека тие не се доволни.

Значителниот пад на цените беше ублажен во вторникот со проценките дека САД би можеле да воведат уште построги санкции кон Венецуела, членка на OPEC Имено, Националниот изборен совет на Венецуела во неделата вечерта објави дека претседателот Николас Мадуро освоил трет мандат, додека опозицијата којашто ја поддржуваат АД освои нешто повеќе од 44 отсто од гласовите, но таа ги оспорува изборниот резултат а Вашингтон вообичаено не ги признава изборните резултати во позлана владејачките венецуелски социјалисти.

„Победата на Николас Мадуро на последните избори во Венецуела ќе има негативно влијание врз глобалната понуда, бидејќи може да резултира со уште построги американски санкции“, велат аналитичарите на ANZ, проценувајќи дека во такво сценарио, извозот на венецуелска нафта може да се намали за 100.000 до 120.000 барели дневно.

Министрите за енергија на членките на OPEC и нивните сојузници независни големи извозници предводен од Русија познати како OPEC+ ќе се состанат на крајот од седмицата за да ја разгледаат состојбата на пазарот. Веројатно ќе го задржи производството на сегашното ниво и ќе потврди дека од октомври ќе пласира повеќе барели на пазарот, сметаат аналитичарите.