Цените на нафтата паднаа кон 28 долари поради стравот за побарувачката, скок на резервите во САД

Цените на нафтата паднаа во средата на меѓународните пазари кон нивото од 28 долари за барел, под притисокот на процените дека договореното намалување на снабдувањето нема целосно да го неутрализира огромниот пад на побарувачката поради прекинатите економски активности како причина на пандемијата на коронавирусот.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 1,18 долари во однос на затворањето на претходниот трговски ден, на 28,42 долари. Во вторникот во Лондон тргувањето заврши со минус 2,14 долари. На американскиот пазар, пак, се тргуваше по 43 центи пониска цена, од 19,68 долари. Вчерашното тргување беше затворено со негатива од 2,3 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) претпладнето објави дека цената на референтната кошничка нафта на нејзините челнки во вторникот чинела 19,70 долари, што значи дека паднала за 1,48 долари во однос на претходниот трговски ден.

Светските пазари на нафтата во вторникот беа вознемирани од процените на инвеститорите дека договореното координирано намалување на снабдувањето од водечките производители од групацијата OPEC+ нема да биде доволно да се неутрелизира разорното влијание врз глобалната економија од пандемијата на коронавирусот на побарувачката на „црното злато“.

Во средата овие процени ги поткрепи и Меѓународната агенција за енергија (IEA), прогнозирајќи дека побарувачката во април ќе падне на 29 милиони барели дневно, најноското во последните 25 години. Во IEA напомнуваат и дека никакво намалување на производството нема да може целосно да го надомести краткорочниот пад на поберувачката на пазарот.

„Не постои договор кој би бил изводлив и би го намалил снабдувањето во толкава мерка за да ги неутрализира краткорочните губења на побарувачката. Но, она што беше постигнато минатата седмица, преставува солиден почеток“, соопштија од IEA, пренесува агенцијата AFP.

Картелот OPEC, заедно со групата независни произведувачи предводени од Русија, се здружи со неколку клучни произведувачи како САД, во договорот за рекордното намалување на снабдувањето.

Функционери од групацијата OPEC+ сугерираат дека токму IEA како советодавна афенција за енергетика на најразвиените земји во светот во Организациата за економска соработка и развој (ОЕCD) може да го поддржи договорот со најава за купување неколку милиони барели нафта за стратешките резерви.

Тоа во средата не се случи. IAE во извештајот наведе дека „сѐ уште чека поединости за некои планирани намалувања на произвдоството и предлозите за купување на стратешките резерви“. САД, Индија, Кина и Јужна Кореја понидиле или разгледуваат вакви набавки, забележуваат од IEA.

На извештајот на IEA се надоврза и податоците од САД за повторениот голем скок на резервите од нафта минатата седмица, за 13,1 милиони барели нафта, дознава Reuters од извори во Американскиот институт за нафта (API). Овој податок се совпаѓа со процените на аналитичарите во анкетата на агенцијата Bloomberg, кои очекуваа раст на американските залихи од 12,7 милиони барели.

Меѓутоа, министерството за енергетика на САД објави малку подоцна за значително зголемување на стратешките резерви за 19,248 милиони барели и оти на 10-ти април тие изнесувале 503,618 милиони барели нафта.