Цените на нафтата паднаа до 84 долари на меѓународните пазари во петокот, бидејќи загриженоста за кинеската побарувачка ги турна во втор план проценките за пониски залихи во летниот квартал.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше пониска за 83 центи отколку на затворањето на тргувањето во четвртокот и изнесуваше 84,28 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по пониска цена од 63 центи, по 82,19 долари.
Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелoт од референтната нафтена кошница на нејзините членки во четвртокот поскапел за 87 центи на 85,43 долари.
Трговците оваа седмица бараа назнаки кои ќе помогнат да се измери побарувачката од Кина, најголемиот увозник на нафта во светот. Кинескиот бруто домашен произовд (БДП) порасна во вториот квартал за 4,7 отсто во споредба со истиот период минатата година, што сигнализира забавување на активноста во однос на почетокот на годината кога се зголеми за 5,3 отсто. Пазарот на недвижности повторно остро се намали, а личната потрошувачка ослабе.
Послабо темпо на раст значи поскромна побарувачка за нафта, па вниманието на пазарот се сврте кон седницата на Кинеската комунистичка партија во потрага по најави за стимулации. Официјалните лица признаа дека долгата листа на економски цели содржи „бројни сложени противречности“, но не наведоа конкретни мерки за поттикнување на активноста во втората по големина економија во светот.
Тоа ги намали цените на суровините во петокот, заедно со другите фактори, пишуваат аналитичарите на ANZ.
Тежината на цените беше и падот на ИТ-системите ширум светот поради ажурирањето на програмата на компанијата за сајбер безбедност „CrowdStrike“ која го „сруши“ оперативниот систем Windows на американскиот технолошки гигант „Microsoft“. Авиокомпаниите ги прекинаа летовите, банките не можеа да обезбедат платежни услуги, а тргувањето на некои финансиски пазари беше нарушено.
Водечките производители на нафта ја намалуваат понудата за да ги поддржат цените и веројатно нема да ја променат производната политика на претстојниот состанок, изјавија три извора за Reuters. Според тоа, аналитичарите очекуваат позасилена понуда до крајот на третиот квартал. Од октомври картелот OPEC+, кој ги вклучува и независните големи извозници на нафта предводено од Русија, треба, според планот објавен напролет, да пласира повеќе барели на пазарот.
„Сметаме дека прекумерната понуда ќе се намали во третиот квартал бидејќи OPEC продолжува да ја намалува понудата и сезонската побарувачка. Тоа би требало да се зголеми во четвртиот квартал бидејќи OPEC+ и САД го зголемуваат производството“, напиша во белешката Алдо Спанјер од „BNP Paribas“.