Цените на нафтата паднаа во средата на меѓународните пазари кон 84 долари за барел, откако Кина сигнализираше интервенција во цените на јагленот за да се осигури снабдувањето со електрична и топлинска енергија, што ја ублажи побарувачката на мазутот и дизелот.
На лондонскиот пазар цената ба барелот беше 85 центи пониска во однос на претходното затворање на тргуваето и изнесување 84,23 долари. На американскиот пазар, пак, со барелото во договорите со рокови на испораките во ноември се тргување исто пониска цена за 85 цени, од 82,11 долари. Фјучерсите за декември, пак, паднале за 98 центи, на 81,46 долари за барел.
Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во средата објави дека барелот на референтната кошничка нафта на нејзините членки во вторникот чинел 83,84 долари. Тоа значи дека поевтирнил за 56 ценит во однос на претходниот трговски ден.
Пазарите внимателно ги следат проблемите со снабдвувањето со енергенси во Кина, а фокусот е ставен на настојувањето на владата во Пекинг да го зголеми производството на јагленот чиишто цени во изминатите денови достигнаа историски рекордни нивоа, за да се обезбеди снабдувањето со струја и со топлинска енергија на прагот на зимата.
Кинеската Национална комисија за развор и реформи соопшти во вторникот дека ќе ги врати цените на јагленот во разумни рамки и ќе ги сузбие сите неправилности кои го нарушуват поредокот на пазарите и злонамерните шпекулаци во тргувањето со терминските договори за испораи на термален (висококалоричен) јаглен.
„Кина планира да презема чекори за да го закочи остриот раст на цените на домашниот пазар на јагленот, што би можело да создаде значителен притисок на тамошните цени на јагленот и да се пресврти трендот префрлање на нафатата“, се наведува во белешката на „Commerzbank“ за корисниците.
Проблемите во снабдувањето со гас и јаглен и растот на нивните цени ги поддржаа и пазарите на нафта, имајќи предвид дека произведувачите на струја наместо овие енергенси започна да се користат дизелот и мазутот.
Цените на кинескиот јаглен и другите стоки паднаа во претпладневното тргување во средата, а тоа создаде притисок и на цените на нафтата.
Тег за нафтените пазари во средата беа и податоците од Американскиот институт за нафта (API) кои покажаа раст на резервите на сирова нафта во САД во минатата седмица за 3,3 милиони барели, според наводите на пазарните избори, значително се поголеми отколку аналитичарите очекувале.
Резервите на бензини и деривати, вклучително и на дизелот, машинското масло и керозинот, забележаа, пак, неочекувано голем пад, сигнализирајќи силна побарувачка. Американската влада подоцнво средата ќе ги објави официјалните податоци.