Цените на нафтата паднаа под 105 долари, страв од коронавирусот во Кина

Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари во понеделникот под нивото од 105 долари, откако меѓу трговците повторно преовладува стравот од ширењето на новата подваријанта на омикрон сојот во кинескиот деловен и финансиски центар Шангај, потиснувајќи ја втор план ограничената понуда.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше за 2,08 долари пониска отколку на претходно затворање на пазарот во петокот и изнесуваше 104,94 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 2,55 долари пониска цена, од 102,24 долари.

Поради празникот Курбан Бајрам во муслиманскиот свет, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) ниту денеска не ја објави цената на барелот на референтната кошница нафта на своите членки. Минатата среда, последниот пат од кога објави податок, барелот на картелот изнесуваше 114,3 долари.

Пазарите на почетокот од седмицата беа вознемирени од веста дека во Шангај е откриен првиот случај на многу заразната подваријанта на омикрон сојот на коронаворусот и дека бројот на новите случаи на зарази во најголемиот кинески мегалополис скокнал од 52 на 63.

Откривањето на новата подваријанта и најголемиот број зарази во Шангај во еден ден од мај, би можело да доведе до нов круг масовно тестирање и затворање, што би се одразило врз стопанските активности и нарушување на синџирите за набавка, а ќе наштети на побарувачката на горивата.

„Пазарот само реагира на вестите, а најмногу внимание привлече досега Кина“, вели за Reuters Вивек Дар, аналитичар во „Commonwealth Bank“.

Трговците и натаму се нервозни поради плановите на западните земји предводени од САД со коишто сакаат да ја ограничат цената на руската нафта. Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека новите санкции би можеле да предизвикаат „катастрофални“ последици на глобалниот енергетски пазар.

Пазарот е растргнат меѓу стравот од можното запирање на снабдувањето од Русија и заканите од рецесија, констатираат аналитичарите на американската инвестициска банка „JP Morgan“ во белешката до коминтентите.

„Макро ризиците сега се закануваат од две страни. Возвратниот удар во вид на намалување на рускиот извоз на нафтата за три милиона барели дневно, претставува уверлива закана и доколку биде реализирана, ќе ги подигне цените на сировата нафта на лондонскиот пазар на околу 190 долари по барел“, соопшти банката.

„Од друга страна, пак, доколку има значително послаб раст на побарувачката во рецесиските сценарија, сцената на сировата нафта на лондонскиот пазар би бил во просек околу 90 долари за барел во случај на блага рецесија и 78 долари по барел во сценарио на посериозен пад“, пресметале во „JP Morgan“.

Прашање е и колку уште колку долго нафтата од Казахстан ќе пристигнува преку Каспискиот нафтоводен конзорциум (CPC), по кој се транспортира 1 отсто од светската нафта, имајќи предвид дека рускиот суд во понеделникот ја поништи претходната пресуда за запирање на протокот на нафтата за еден месец поради истекување и еколошки ризик.