Во саботата наутро, израелски воени авиони нападнаа цели во близина на иранскиот главен град Техеран и во регионите Илам и Кузестан, при што загинаа неколку војници и предизвикаа одредена штета. Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви рече дека нападот покажува како Израел ќе одговори на своите непријатели.
„Ги погодивме стратешките системи во Иран, што е многу важно, а сега ќе видиме како ќе се развиваат работите. Подготвени сме за сите сценарија во сите области“, тврдеше Халеви.
Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи во неделата рече дека размислуваат за одговор. Израелската сметка „треба да биде осуедена“, рече Хамнеи. „Важноста на нападот врз Иран не треба да се минимизира, но ниту да се преувеличува“, додаде иранскиот лидер.
Техеран побара вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, која треба да се одржи во понеделникот. Портпаролот на Министерството за надворешни работи Есмаил Багаи рече дека Иран „ќе ги искористи сите достапни алатки“ за да одговори на израелскиот напад.
Трговците, сепак, ги примири тоа што ден по израелскиот напад нема индиции дека тоа би можело да биде поттик за нов циклус на ескалација. Премијата за геополитички ризик во цените на нафтата, сепак, е намалена во однос на периодот пред израелскиот напад, забележуваат аналитичарите.
Фактот што Израел не ја нападна нафтената инфраструктура на Иран „ја намали премијата за ризик (…) и го врати наративот на прашањето што би можел да направи OPEC+ за да го балансира пазарот во наредната година, со оглед на слабиот раст на побарувачката“, објаснува Калум Макферсон од „Investeca„.
OPEC и неговите сојузници големи независни извозници предведони од Русија, позанати како OPEC+, планираат да ја зголемат понудата од крајот на годината, а одлуката треба да ја преиспитаат на почетокот на декември.