Цените на нафтата паднаа под 79 долари, Кина ги намали увозните квоти

Цените на нафтата на меѓународните пазари во четвртокот паднаа под 79 американски долари за барел, имајќи предвид дека кинеското намалување на квотите на увозот на нафтата на почетокот од следната година ја засени стабилната побарувачка на горива во САД и покрај ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот.

На лондонската берза цената на барелот падна за 52 центи во однос на затворањето на претходниот трфговски ден, на 78,71 долар. На американскиот пазар се намали за 59 центи, на 75,97 долари. Организацијата на земјите извознички на нафтата (OPEC) ниту денеска не ги објави податоците за цената на барелот на кошницата нафта на нејзнините членки.

Трговците на нафтените пазари денеска беа загрижени од намалување на квотите за кинеските рафинерии за увоз на нафтата на очетокот од 2022 година, за 11 отсто. Кина е најголем светски увозник на нафта.

Расположението на пазарот го придушија стравувањата дека кинеската влада би можела на независните рафинерии да им воведе посорги мерки, се навудава во коментарот за Reuters од аналитичка куќа во Сингапур.

Позначителниот пад на цените ги спречи стабилното закрепнување на побарувачката на горивата, и покрај ширењето на новата вариканта на коронавирусот. Така, официјалниот извештај на американската влада покажа пад на резервите на сирова нафта минатата седмица, за 3,6 милиони барели, посилно отколку што очекуваат аналитичарите.

Се намалиле и резервите на бензините и дериватите, додека аналитичарите очекуваа нивен раст. Извештајот сигнализира дека побарувачката и натаму е силна, и покрај рекордниот број заразени со коронавирусот во САД.

Поддршка на цените им даваат и настојувањата на владите ширум светот да го ограничат влијанието на рекордно високиот број заразени со Covid-19 врз економскиот раст со мерките како што се ублажување на прописите за тестирање.

Водечките светдки производители следната седмица ќе се сретнат за да одлучат дали во февруари ќе го зголемат производството за 400.000 барели дневни, како што се договорија летово. Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз изјави во средата дека договорот за производство во OPEC и неизните сојузници е клучен за стабилноста на пазарите на нафтата и дека производителите мора да се придржуваат на него.