Цените на нафтата останаа под 73 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи скокот на залихите на бензин во САД ги неутрализираше сигналите од главните производители дека може да го одложат зголемувањето на понудата.
На лондонскиот пазар барелот по пладне изнесуваше 72,90 долари, речиси исто како и на затворањето на тргувањето вчера. Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар каде барелот се тргуваше по цена од 68,88 долари во фјучерс.
Ораизацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одделно објави дека во вторник цената на барел нафтена кошничка на нејзините членки паднала за 73 центи на 72,96 долари.
Во вторникот, трговците се обидуваа да ги измерат шансите за успех на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанскиот Хезболах со посредство на САД и Франција. Во средата договорот стапи на сила, но аналитичарите остануваат внимателни.
„Вистинското прашање е колку долго (примирјето) ќе се почитува“, објаснува Денис Кислер од „BOK Financial“.
Цените беа поддржани во првата половина од неделата со сигналите дека OPEC и партнерите големи незавизни произведувачи предводени од Русија познати како OPEC+ можеле уште еднаш да го одложат зголемувањето на понудата. Според сегашната одлука, од почетокот на следната година на пазарот треба да пуштат повеќе буриња.
По пладне расположението го намалија податоците на американското Министерство за енергетика за скокот на резервите на бензин минатата недела, за цели 3,3 милиони барели. Аналитичарите очекуваа да остане, повеќе или помалку, на нивото од претходната недела.
Залихите на нафта паднаа за 1,8 милиони барели, а извори во здружението на производители соопштија дека тие се намалени за речиси шест милиони барели, повикувајќи се на податоци од здружението на производители API.
Цените во моментов се премногу ниски, според Голдман Сакс и Морган Стенли, укажувајќи на недостиг на понуда и закана за иранскиот извоз во случај на дополнителни американски санкции.