Цените на нафтата паднаа и на меѓународните пазари во понеделникот и сега се под нивото од 80 долари за барел на лондонскиот пазар, притиснати од загриженоста за слабата побарувачка од Кина, најголемиот увозник во светот.
Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 63 центи во однос на претходното затворање на тргувањето, на 79,05 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена за 73 центи, од 75,92 долари.
Цените на двата пазара потонаа за речиси 2 отсто во петокот, бидејќи инвеститорите ги ублажија нивните очекувања за зголемена побарувачка во Кина.
Податоците објавени во четвртокот, исто така, покажаа дека кинеската економија ја загубила динамиката во јули, при што цените на новите станови паднале со најбрзото темпо во последните девет години, бидејќи индустриското производство забавило а невработеноста се зголемила. Тоа ги загрижи трговците поради падот на кинеската побарувачка. Рафинериите во Кина нагло ги намалија стапките на преработка на сурова нафта минатиот месец поради малата побарувачка на горива.
Постојаната загриженост за забавувањето на кинеската побарувачка доведе до распродажба“, вели Хиројуки Кикукава од „NS Trading“, додавајќи дека крајот на шпицот на сезоната на масовни патувања во САД е уште еден фактор што влијае на цените на нафтата. Но, од друга страна, поради ризиците од понудата тензиите на Блискиот исток и ескалацијата на руско-украинската војна спречуваат уште поголем пад на цената на нафтата, додава.