Цените на нафтата пораснаа во вторникот во раното претпладневно тргување на меѓународните пазари поради нарушувањето во снабдувањето и ублажувањето на ограничувањето на епидемиолошките мерки против Covid-19 во Кина, најголемиот светски увозник на нафта во светот.
Цената на барелот на лондонскиот пазар во попладневното тргување во однос на претходното затворање на тргувањата порасна од 64 центи, на 78,63 долари. Зајакна и барелот на американскиот пазар, пак, се зголеми за 39 центи, на 73,56 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафтата (OPEC) објави дека во понеделникот барелот на кошницата референтна нафта на нејзините членки чинел 74,94 долари. Во петокот на крајот од тргувањето чинеше 74,66 долари.
Цената на нафтата во САД во понеделникот во еден период од тргувањето падна на 70,25 долари за барел, многу близу до границата од 70 долари на којашто американскиот претседател Џо Бајден имаше намера да ги обнови американските резерви на нафта. Тоа во вторникот ги поддржа цените, а натамошна поддршка следеше по попуштањето на анти-ковид ограничувањата во Кина, опасноста од намаленото производство во Русија како одговор на ограничувањето на цената на нејзината нафта на ЕУ и Г7, како и прекинот на работата на американскиот нафтовод Кејстон.
Повторно вклучување на нафтоводот Кејстон со кој оперира компанијата „TC Energy“, којашто испорачува во САД 620.000 барели канадска сирова нафта дневно, останува неизвесно по напукнување минатата седмица. Прекинот на работата на овој нафтовод ги зголемува очекување дека резервите на сирова нафта во САД минатата седмица паднале за 3,9 милиони барели. Извештајот на Американскиот институт за нафта (API) ќе биде објавено подоцна во вторникот.
Прекинот на снабдувањето доаѓа во време кога во декември падна извозот од руските пристаништа на Балтикот и Црното Море поради санкциите од Западот кој се однесува на компаниите кои вршат осигурителни, транспортни и финансиски услуги за морскиот транспорт на руската нафта.
Големите американски инвестициски банки „Bank of America“ и „Goldman Sachs“ објавија во понеделникот дека успешното повторно отворање на кинеското стопанство би можело дополнително ќе ги поттикне цените на нафтата над нивоата од 90 долари за барел.
Кина минатата седмица укина некои од своите строги мерки поврзување со заразите на Covid-19, но растечките стапки на заразите и натаму ја поттикнуваат неизвесноста.
Пазарите се во исчекување внимателно да се следи месечниот извештај на OPEC и индексот на потрошувачките цени во САД коишто ќе бидат објавени, исто така, подоцна во вторникот. Одлуката за каматните стапки на американската централна банка Federal Reserve (Fed) треба да ја донесе во среда, а британската централна банка Bank of England (BoE) и Европската централна банка (ECB) во четврток.