Цените на нафтата пораснаа над 91 долар

Цените на нафтата пораснаа во средата на меѓународните пазари над 91 долар, поттикнати од сигналите за посилната побарувачка во САД што го засени можното зголемување на понуда од Иран во случај на укинување на американските санкции.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 44 центи во однос на претходното затворање на тргувањето, на 91,22 отсто. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 28 центи повисока џена, о 89,64 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека со барелот од кошницата на нафта на неизните членки во вторникот чинел 92.17 долари, што значи дека бил поеветин за 1,25 долари во однос на претходниот трговски ден.

Трговците внимателно ги следат индиректните преговори меѓу САД и Иран за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година. Договорот би можело да резултира со укинување на американските санкции за извозот на иранската нафа и во кус рок да го зголеми снабдувањето.

На можноста на враќање на иранската нафта на пазарите се надоврза процената на американските власти дека производството на сирова нафта во САД оваа година би можело да порасне во просек за 11,97 милиони баели дневно, посилно отколку што досега проценуваа.

Тег за цените на нафтата беше и ублажената загриженост на нафтената индустрија поради геополитичките ризицик, велат за Reuters неколку аналитичари.

„Се чини дека стравот од натамошна ескалација на конфронтацијата меѓу Русија и Украина донекаде е стивнат по најновите дипломатски напори, кои ја намалија премијата на ризикот во цената на нафтата“, коментира Карстен Фритш од „Commerzbank“.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во вторникот по средбата со рускиот претседател Владимир Путин дека верува дека би можело да бидат преземени чекори за стивнување на кризата околу Украина, повикувајќи ги сите вклучени да останат смирени.

По пладнето во средата нафтените пазари го пренасочија вниманието на податоците за резервите во САД, коишто сигнализираа посилна побарувачка, па цените на нафтата пораснаа.

Според извори од пазарите, кои се повикуваат на податоците од Американскиот институт за нафата (API), резервите од сирова нафта паднале минатата седмица за два милиона барели, а намалени се и резервите од бензини и дериват. Официјалните податоци за резервите ќе бидат објавени подоцна во средата.