
Цените на нафтата на меѓународните пазари во понеделникот пораснаа поради послабиот курс на американската валута, откако малку се урамнотежија стравувањата на вложувачите во врска со недоволната понуда со нивните очекувања дека ќе растат американските каматни стапки притиснати од слабиот економски раст и последично и побарувачката за горива.
Цената на барелот на лондонскиот пазар во понеделникот порасна за 79 центи во однос на претходното затворање на пазарот, на 103,99 долари. Со барелот на американскиот пазар се тргуваше по 82 центи повисока цена, од 95,52 долари.
„Малку послабиот американски долар и растот на акциите на светските берзи ја поткрепија цената на нафтата“, толкува за Reuters Џовани Стауново од UBS.
Терминските цени на нафтата беа нестабилни последните седмици додека трговците балансираа меѓу очекувањата на натамошно зголемува на каматните стапки, што би можело да ги ослабе економските активности и со тоа да го намали растот на глобалната побарувачка на горива, и стравот дека понудата на нафтата не е доволна поради нарушувањата во тргувањето со руската нафта по западните санкции.
„Засилениот страв од рецесија на глобално ниво укажува дека растот на цените на нафтата веројатно ќе биде ограничен во рамки на кус рок, без оглед на геополитичките случување“, вели Џефри Халеј од OANDA.