Цените на нафтата се одржуваат над 82 долари

Цените на нафтата се задржаа стабилно во близина на нивото од 82 долари на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи оптимистичките прогнози за побарувачката беа засенети од доцнењето на намалувањето на трошоците за задолжување во САД, и покрај намалувањето на инфлацијата.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше речиси непроменета во однос на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 82,38 долари. Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар каде со барелот се тргуваше по 78,66 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека во средата цената на барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки се зголемила за 74 центи, на 83,1 долар.

На почетокот од седмицата трговците беа охрабрени од прогнозата на инвестициската банка „Goldman Sachs“ дека летната побарувачка на гориво во САД треба да биде силна, па пазарот да биде во минус за 1,3 милиони барели дневно во третиот квартал. .

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници големо независни извозници прдводени од Русија познати како OPEC+ пред две седмици истакнаа дека очекуваат закрепнување на побарувачката, објаснувајќи ја одлуката за постепено зголемување на понудата кон крајот на годината. Во вторникот ОПЕК потврди дека очекува побарувачката да расте за 2,25 милиони дневно оваа година.

Меѓународната агенција за енергија (IEA), советодавна агенција за водечки потрошувачи собрани во Организацијата за економска соработка и развој (ОECD), проценува дека растот ќе биде многу послаб и ќе изнесува само 1,1 милион барели дневно, но проценката сè уште е повисок од претходниот.

Во четвртокот, трговците се фокусираа на состанокот на американската централна банка. Во средата Fed ги задржа каматните стапки на сегашното ниво и го одложи почетокот на олабавувањето на монетарната политика до крајот на годината. Досега тие сигнализираа дека во септември можат да ги намалат трошоците за задолжување доколку инфлацијата ослабне.

Повисоките каматни стапки на подолг период ја инхибираат економската активност и побарувачката за енергетски производи.

Претседателот на Fed, Џером Пауел, на прес-конференција по седницата рече дека инфлацијата ослабела без поголеми штети за економијата, додавајќи дека во моментов нема ништо што сугерира дека ситуацијата може да се промени. Потрошувачките цени во мај пораснале нешто поблаго во однос на претходниот месец, за 3,3 отсто, покажуваат податоците на Министерството за труд.

Бројот на барања за надоместок за невработеност порасна минатата седмица биле на највисокото ниво во последните 10 месеци, што сигнализира слабеење на економската активност.

Расположението на пазарот го намали растот на залихите на нафта во САД минатата недела, за 3,7 милиони барели, покажуваат податоците на Министерството за енергетика. Залихите на гориво, исто така, се зголемија, на почетокот на летната сезона на патувања, за 2,6 милиони барели.