Цените на нафтата на меѓународните пазари во четвртокот се стабилни, бидејќи сѐ уште преовладуваат ограничената понуда и забавувањето на побарувачката, откако во средата резервите на нафтата и бензините во САД паднаа на најниските нивоа по повеќе месеци.
Цената на барелот нафта на лондонскиот пазар падна за три цента на 96,75 долари во однос на претходниот трговски ден. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 40 центи повисока цена од вчера, од 91,06 отсто.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) денеска не ја објави цената на барелот на референтната кошница нафта на нејзините членки. Вчера, пак, во одвоен извештај беше наведено дека барелот во вторникот чинел 104,86 долари, што значи дека бил поевтин за 1,94 долари во однос на претходниот трговски ден.
Цените на лондонскиот и на американскиот пазар паднаа, така, на најниските нивоа од почетокот на војната во Украина кон крајот на февруари. Таквиот развој на настаните следеше по неочекуваниот минатонеделен раст на резервите сирова нафта во САД. Залихите на бензините, исто така, покажале изненадувачки раст со забавувањето на побарувачката.
Прогнозите за побарувачката и натаму не се јасни, имајќи ја предвид засилената загриженост околу економскиот пад во САД и во Европа, на должничките проблеми на пазарите во формирање и строгите пандемиски мерки во Кина, најголемиот светски увозник на нафта.
Одлуката од состанокот на проширената групација OPEC со другите земји големи произведувачи на нафта предводени од Русија (OPEC+) од средата за зголемување на целеното производството за само 100.00 барели дневно во септември, што е соодветно на 0,1 отсто од глобалната побарувачка, се смета лоша за пазарот.
Покрај тоа, водечките членки на OPEC – Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се подготвени „значитепно да го зголемат“ производството на нафта, доколку светот оваа зима се соочи со сериозна криза, соопштија извори запознаени со ставите на двете земји.
Сепак, аналитичарите очекуваат дека ограничените резервни капацитети на OPEC+ ќе ги зајакнат цените на подолг период.
Покрај тоа, значителна поддршка на цените во средата им даде и објавата на „Caspian Pipeline Consortium“ (CPC), кој ја транспортира казахстанската влада од нафтените полиња со руското пристаниште Новоросиск, кога соопшти дека залихите се значително намалени.
Исто така, во средата казахстанскиот министер за енергетика на оваа богата со нафта и гас поранешна советска република, Болат Акчулаков го згасна надежите дека може да ги замени испораките на нафта од Русија, кој предупреди дека Казахстан не може едноставно да ги надомести количествата нафта коишто Европа би ги загубила со откажувањето од увозот од Русија.