Цените на нафтата беа стабилни во понеделникот, бидејќи стравувањата од проширување на конфликтот на Блискиот исток по ракетниот напад на Голанската висорамнина окупирана од Израел, ја неутрализираа загриженоста за побарувачката и го намалија минатонеделниот пад на цените.
Цената на барелот сурова нафта на лондонскиот пазар падна за 33 центи, на 80,80 долари. Додека со барелот сурова нафта на американскиот пазар се тргуваше по пониска цена од 29 центи, од 76,87 долари.
Цените на двата пазари паднаа минатата недела поради слабата кинеска побарувачка и надежите за прекин на огнот во Газа.
Во неделата, израелскиот безбедносен кабинет ја овласти владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да одлучи како и кога да одговори на нападот во кој загинаа 12 тинејџери и деца. Израел вети одмазда во Либан против Хезболах, кој ја отфрли одговорноста за нападот. Израелски авиони во неделата погодија цели во јужен Либан.
Тензиите се проширија на неколку фронтови и се закануваат да се прелеат во поширок регионален конфликт, зголемувајќи ја загриженоста на инвеститорите за можното влијание врз производството на сурова нафта во најголемиот регион за производство на нафта во светот. Сепак, тоа не влијаеше на производството денеска.
Податоците од овој месец покажуваат дека вкупниот увоз на мазут во Кина падна за 11 отсто во првата половина на 2024 година, што исто така предизвика загриженост за другите изгледи за побарувачка во најголемиот светски увозник на сурова нафта.
Цените, исто така, паднаа кон крајот на минатата седмица поради веста дека големата нигериска рафинери во Данготе препродавала американска и нигериска сурова нафта по технички проблеми во фабриката.
Пазарите ја следат и Венецуела откако претседателот Николас Мадуро освои трет мандат со 51 отсто од гласовите, иако западните покровители на венецуеласката опозиција тврдеа дека анкетите наводно покажувале дека ќе победи опизицискиот кандидат.
САД претходно најавија дека ќе ја „калибрираат“ својата политика на санкции кон Венецуела во зависност од тоа како ќе се одржат изборите во членката на Организацијата на земји извознички на нафта (OPEC).
OPEC, пак, засебно објави дека во петокот цената на барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки е повисока за 30 центи и изнесува 81,67 долари.