Цените на нафтата се стабилизираа во понеделникот, откако минатонеделните податоци за инфлацијата во САД предизвикаа значителен пад.
На лондонскиот пазар со барелот сирова нафта во рано попладнетно се тргуваше по 72,56 долари. На американскиот пазар барелот сирова нафта чинеше 69,12 долари.
Цените на нафтата се зголемија на почетокот на тргувањето, откако податоците објавени во петокот покажаа дека инфлацијата во САД е пониска од очекуваната. Но, добивките го поништи посилниот американски долар, кој се движеше околу двегодишните највисоки нивоа во понеделник наутро.
Цените на нафтата на лондонскиот пазар паднаа за околу 2,1 отсто минатата седмица, додека на американскиот пазар беа пониски за 2,6 отсто, бидејќи инвеститорите беа загрижени за глобалниот економски раст и побарувачката на нафта, откако американската централна банка сигнализираше претпазливост за натамошно олабавување на монетарната политика.
Истражувањето на водечката азиска рафинерија кинеската „Sinopec“, со коешто се прогнозира дека Кина ќе го достигне својот врв на потрошувачка на нафта во 2027 година, исто така, влијаеше на цените.