Цените на нафтата стабилни под нивото од 90 долари

Цените на нафтата се задржаа во четвртокот на меѓународните пазари под нивото од 90 долари за барел, имајќи предвид дека силниот американскиот долар и слабите изгледи за економиите ги неутрализирале навестувањата дека водечките произведувачи би можеле да го намалат снабдувањето.

Цените на барелот нафта на лондонскиот пазат во договорите со испораки во ноември беше повисока 26 центи отколку на вчерашното затворање на тргување и изнесуваше 89,58 долари. Поактивно се тргуваше со барелите со рок на испораките во декември, чија цена беше речиси непроменета и изнесуваше 87,92 долари.

Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде што со барелот со рок за испораки во ноември се тргуваше по цена од 82,07 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) денеска објави дека барелот референтна нафта од кошницата на нејзините членки во средата поскапел за 46 центи, на 90,27 долари.

Трговците на нафтениот пазар внимателно ги следат подготовките на OPEC и нејзините сојузници независни произведувачи предводени од Русија (OPEC+) за состанокот на кој ќе се разговара за производството во овој проширен картел. Состанокот е закажан за 5-ти октомври.

Водечките произведувачи разговараат за можно намалување на производството, рекле за Reuters два анонимни извора од OPEC. Еден од изворите рекол дека веројатно ќе биде донесена одлука за намалување, но не назначил во кој обем.

Агенцијата Reuters ова седмица извести дека Русија веројатно ќе предложи OPEC+ да го намали производството на нафта за околу милиони барели дневно (bdp).

Поддршка на цените на нафтата даде и ураганот Ијан, поради запирањето на производството во Мексиканскиот залив на околу 157.706 барели дневно од средата, според американското Биро за безбедност и заштита на околината.

Тег за цените, пак, беше силниот долар, кој ја придуши наклонетоста на купувачите и вложувачите воопшто на меѓународните пазари кон ризик и ги поттикна стравовите до рецесија.

Пазарите ги загрижуваат и процените дека патувањето во Кина во текот на претстојниот еднонеделен национален празник би можело да ги постигнат најниските нивоа во последните неколку години, поради строгите прописи за сузбивање на коронавирусот во земјата, како и од послабата потрошувачка во светот воопшто во периодот на економски кризи.

Економистите во „Citi“ ја намалија процената на растот на кинескиот бруто домашен производ (БДП) во четвртиот квартал од 5 на 4,6 отсто. Според нив, изгледите за раст и натаму ги задушуваат строгите мерки за „нулта толеранција“ на Covid-19 и слабиот сектор на недвижнини.